Макпетрол со седум медали на Државното карате првенство

Од:

Викендов во Скопје се одржа Државното карате првенство, за кадети, јуниори и постари јуниори (У21), во дисциплините кати и борби. Каратистите на Макпетрол и на ова првенство имаа одличен настап и успеаја да освојат вкупно седум медали, од кои три златни две сребрени и две бронзени.

Со златен медал се закитија: Петар Заборски у 21 категорија( -75 кг), Моника Пендаровска у 21 (-53 кг) и Ангела Мојсовска у21, (-68 кг). Медали уште освоија: Кристијан Беллокоски у21, (-84 кг), Даут Рамадани јуниор( -63 кг), Абдурахим Идриз кадет -52 кг и Теа Крстевска кадетка (-47 кг).

Тренерот Бошко Заборски задоволен од постигнатите резултати на неговите избраници.

– Задоволни сме од постигнатото и генерално го остваривме нашиот план и проценка пред почетокот на натпреварот. За нас е најважно тоа што првите места ги освоија каратисти кои се квалитетни и можеме од нив да очекуваме и добри пласмани и медал најнапред на Балканското првенство (Сараево) а потоа и на европското првенство во Софија, изјави Заборски.

Државното првенство носи најмногу бодови, кои се од пресудно значење за влез во националниот тим, овој натпревар е највисоко бодуван од страна на КФМ, и затоа имаше голема важност за избор на Македонската национална млада репрезентација која ќе треба да ја претставува нашата држава, на европското првенство во месец февруари во Софија, Бугарија.

Би можело да ве интересира

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје

Девет медали за каратистите на „Макпетрол“ на Балканскиот шампионат

Осум медали за каратистите на „Макпетрол“ на „Гран при Сараево“