Македонските тенисерки убедливи против Мозамбик

Од:

Македонската фед куп тениска репрезентација во дуелот од 3. коло од Д групата во Улцињ го совлада Мозамбик со максимални 3-0.

По вчерашниот загубен дуел од Молдавија, селекторот Дејан Маринковиќ им даде шанса на младите тенсиерки Марија Еленова и Катарина Маринковиќ. И двете ја оправдаа довербата.

Еленова со 6:1 и 6:0 во гемови ја победи Мариета Де Љубов Намитабо, додека Маринковиќ беше поуспешна од Клаудија Сумаја со 6:0 и 6:4 во гемови.

Во двојки нашите тенисерки ги совладаа противничките со 6:1 и 6:4 во мечот во двојки.

По завршувањето на дуелот Намибија – Молдавија ќе биде познато Македонија против кого ќе игра во разигрувањето.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров