Женската ракометна репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз од Шведска во првиот од двата бараж дуели за пласман на Светското првенство во Германија кое ќе се одржи кон крајот на годинава.
Избраничките на селекторот Симе Симевски беа со совладани од Швеѓанките со 11 гола разлика 31:20 во мечот кој се одигра во СРЦ „Кале“ во Скопје.
Најдобра ракометарка во нашите редови беше Елена Ѓорѓиевска со седум гола, а ја следеше Ливриниќ со четири гола. По три постигнаа Душица Ѓорѓиевска и Сара Ристовска. Кај Шведска одлични беа Тофт Хансен, Санд и Гулден кои дадоа по четири гола.
Реваншот меѓу Шведска и Македонија кој е во рамки на баражот за СП 2018 е закажан на 13 јуни.
На останатите бараж дуел беа постигнати овие резултати: Италија -Србија 23-33, Унгарија – Словачка 28-19, Хрватска – Словенија 23-28, Чешка – Турција 29-25, Црна Гора – Белорусија 33-26, Русија – Полска 31-20, Романија – Австрија 34-29 и Украина – Шпанија 24-24.