Македонските ракометари изгубија од Словенија

Од:

Македонската ракометна репрезентација со Кирил Лазаров само на клупата по повредата што ја доби не успеа да направи изненадување и да ја совлада фаворизираната Словенија губејќи со 25:27 (10:13) во првиот меч од Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Иако поените отидоа кај Словенците, македонскиот тим не разочара со играта и без искусниот Лазаров и Митревски на голот добивајќи значајно искуство на подмладениот тим.

Македонија имаше одличен почеток во „Феникс арената“ во Дебрецен поведувајќи со 3:0 и со 4:1, предводени од одличниот Мартин Томовски на голот, но Словенците се вратија и направија пресврт за 7:4 водство. Сепак, повторно успеавме да се вратиме за 8:8 израмнување пред во финишот на првото полувреме искуството на Словенците да се покаже и тие да заминат со 13:10 на одмор.

Оваа предност беше недостижна во второто полувреме иако неколкупати бевме блиску до израмнување, така што сега шансата за втора рунда ќе ја бараме во дуелот со Црна Гора, која вечерва го отвора својот шампионат со меч со фаворитот Данска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Галевски и фати пенал на Франција, ИХФ го стави во одбрано друштво

А1он

Митев: Со Катар одевме на се или ништо, ќе пробаме да ја изненадиме Франција

А1он

Лазаров по триумфот над Катар на СП2025: Верувам во оваа репрезентација

А1он

Митев: По овој бод со Австрија, одиме на победа со Катар

А1он

Македонија во последната секунда дојде до бод против Австрија на СП 2025

А1он

Македонските ракометари против Австрија ја отвораат Главната фаза на СП