Македонските одбојкари „пукаат“ на злато во Европската лига

Од:

По три финалиња, македонските одбојкари предводени од селекторот Никола Матијашевиќ ги почнуваат подготовките за новото издание на Европската сребрена лига со амбиција на крајот да стигнат до златото.

Тренинзите ќе бидат во салата „Парк“ во Струмица каде што ќе бидат одиграни средбите од првиот турнир во групата „А“, како и завршниот на најдобрите четири тима.

Црвено-жолтите како домаќини се сигурни учесници на „Фајнал фор“ без оглед на резултатите во групната фаза.

-Ова ќе биде долг репрезентативен период и задоволство е што ќе го почнеме со учество во Европската сребрена лига во којашто се враќаме по три години. Сакаме да го освоиме првото место, а потоа ќе размислуваме за Европското првенство во септември. Амбициите се јасни и верувам дека се остварливи, убеден е капитенот Никола Ѓорѓиев.

Во текот на подготвителниот период во план се и неколку пријателски натпревари, но сè уште се чека потврда на можните противници и на термините. зс/

2021-05-03 20:54:26, од Зоран Стерјовски

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ