Јуниорската кошаркарска репрезентација им се реваншираше на врсниците од Бугарија за синоќешниот мининален пораз во првиот контролен дуел.
Македонските јуниори денеска извојуваа победа со 72:61 (23:19,14:18,9:10 и 15:25).
По израмнетата игра во првите 30 минути, црвено-жолтите одиграа фуриозна последна четвртина и стигнаа до двоцифрена победа на гостувањето во Самоков.
Селекторот Саша Димитријавиќ и денес им даде можност да настапат сите десет кошаркари, најефикасни меѓу нив беа Маслинко со 20 и Димитријевиќ со 17 поени.
Кај поразената Бугарија повторно најрасположен беше капитенот Минчев со 17 поени, 15 постигна Крустев.
Нашите млади кошаркари денеска попладне се враќаат во Скопје каде продолжуваат да се подготвуваат за настап на Европското првенство во Австрија.