Македонските кошаркарски јуниори подготвени за ЕП во Австрија

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација составена од играчи до 18 години вечерва патува за Австрија, каде ја очекува настап на Европското Првенство – Б дивизија.

Во пресрет на овој шампионат избраниците на селекторот Саша Димитријевиќ одиграа пријателски натпревари во Самоков со Бугарија на кои остварија по една победа и пораз. Селекторот иако посакуваше подолг период за подготовки, сепак е задоволен од пристапот на играчите.

– Планирав со подготовки да почнеме на 1 јуни, односно дваесетина дена порано од нашиот прв собир. Првичниот термин се пролонгира, ама ние сме спремни да го дадеме максимумот. Нашата сила е во тоа што долго време сме заедно. Оваа селекција е формирана некаде во 2009 и костурот на репрезентацијата е непроменет, рече Димитријевиќ на денешната прес-конференција.

Тој очекува тешки натпревари, поради како што истакна, силна група, во која се наоѓа Македонија.

Главен фаворит според македонскиот селектор е Израел.

Слично размислува и капитенот Бојан Серафимов.

– Трениравме одлично ,физички и тактички сме добро подготвени за предизвиците кои ни престојат на прветсвото во Австрија. Ќе го дадеме својот максимум на секој дуел. Наш главен адут е тимската хемија, одлично се познаваме сите и сме добри другари. На шампионатот ќе сториме се да оствариме успех, изјави капитенот Серафимов.

Во групата Д покрај Македонија и Израел ќе бидат и репрезентациите на Австрија, Исланд, Данска и Ирска.

Двете првопласирани од четирите групи одат во следната фаза.

Првенство почнува на 23 јули и ќе трае до 2 август.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос