Македонскииот шампион и претставник во регионалната БАХЛ – лига ХК Металург, покрај тоа што на доминантен начин дојде до трофејот, успеа да ги собере речиси сите индивидуални награди, соопшти Агенцијата за млади и спорт.
Хокеарите имаа и голема поддршка на последниот меч и при доделувањето на наградите, со оглед дека рано утринава во бугарската претстолнина Софија допатува стотина поддржувачи на клубот кои им дадоа посебен шарм на свечените моменти.
За МВП – играч на шампионатот беше прогласен Давор Атанасов, додека уште четири хокеари на Металург се закитија со поединечни награди. Димитри Прокудин, кој не настапи на последниот меч, го доби признанието за најдобар стрелец, додека Стефан Децковски беше прогласен за најдобар напаѓач. Наградата за најдобар дефанзивец исто така отиде во рацете на играч на Металург, а признанието му припадна на капитенот Ивица Тасков. За дебитант на сезоната беше прогласен голманот Александар Петров.
Шампионскиот тим на хокеарскиот клуб Металург играше во следниот состав: Симевски Владимир, Александар Петров, Иван Бачовски, Зоранчо Гриовац, Кристјан Талевски, Ивица Тасков, Јуре Внук, Давор Атанасов, Димитри Прокудин, Кристјан Грчевски, Урош Бановиќ, Александар Мијушковиќ, Стефан Децковски, Јуре Стопар и Рок Шимциќ.
Клубот по обединувањето на титулите во домашниот шампионат и сега во БАХЛ, кон крајот на мај ќе атакува и на тројна круна во хрватската инлајн лига, каде што има обезбедено настап во плејофот.