Македонскиот каратист Антиќ освои бронзен медал во Холандија

Од:

Каратистот Симон Антиќ го освои бронзениот медал на вториот турнир од престижната Премиер Карате Лига што се одржа викендот во холандскиот град Алмере.

Антиќ успехот го направи во категоријата -84 кг. До медалот стигна преку елиминацискиот дел каде ги совлада Павич Александар (Србија ) со 3-0, потоа беше поуспешен од Мамајев Ајкан (Азербејџан) го победи на судиско изјаснување, во третото коло го победи Турскиот преставниг Гундуз Гокхан 3-1, за да во полуфиналето загуби од Францускиот репрезентативец и освојувач на многу медали Грилон Кенџи со минимален резултат 0-1. Бидејќи, Грилон влезе во финалето Македонецот во репасажната борба за бронзениот медал го совлада Соботар Валери од Украина со резултат 1-0.

На ова натпреварување петто место освои Мартин Несторовски. Тој во тешка категорија (+84 кг.) влезе во борба за медал но за жал загуби од Јакнич Велимир – Србија на судиско изјаснување.

Останатите македонски каратисти кои заминаа за Алмере, Берат Јакупи, Ненад Келебич, Тодор Ристевски, Енес Смаилагич, Иво Цветковски, Ико Ташев, Наташа и Моника Стефановска останаа без пласман на овој турнир.

На вториот турнир од 1 Премиер Карате Лига,  настапија 613 каратисти од 51 држава.

Би можело да ве интересира

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје

Девет медали за каратистите на „Макпетрол“ на Балканскиот шампионат

Осум медали за каратистите на „Макпетрол“ на „Гран при Сараево“