„Македонски спорт“ колоритен и ребрендиран

Од:

Дневниот спортски весник „Македонски спорт“ денеска го претстави своето ново издание, ребрендирано и целосно во боја и со нов формат.

– Новиот дизајн и ребрендираниот весник, кој е целосно во боја, ќе придонесе да се надмине монотонијата на црно и бело. Внесуваме нов колорит, нови димензии за во иднина читателите на „Македонски спорт“ да можат да уживаат при неговото читање, изјави главниот и одговорен уредник на весникот Игор Ивановски.

Од 1 јули 2012 година редакцијата на овој весник е под издаваштво на „Медиа принт Македонија“ и од тогаш започна проектот со нов дизајн и целосно ребрендирање на весникот.

На промоцијата на новиот изглед на „Македонски спорт“ присуствуваа и македонските фудбалски репрезентативци предводени од капитенот Горан Пандев.

На симболичен начин, Пандев со четка за боење го претстави првото целосно колоритно издание на „Македонски спорт“.

ФОТО: МИА

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on