Македонски параглајдеристи победници на меѓународен натпревар во Албанија

Од:

Борјан Јованоски од параглајдинг клубот „Делта“ е севкупен победник на меѓународниот натпревар во параглајдерство, дисциплина прецизно слетување, што минатиот викенд се одржа во Џирокастер, соседна Албанија.

Во женска конкуренција првото место го освои Александра Уфцеска од клубот „Sky no limit“.

На натпреварот учествуваа 40 натпреварувачи од три држави меѓу кои и членовите на македонската параглајдинг репрезентација.

– Ова е одличен почеток на натпреварувачката сезона за македонските параглајдеристи. Веднаш се продолжува со подготовки за следните натпревари, европски и светски купови, се наведува во соопштението од Воздухопловната федерација на Македонија.

Би можело да ве интересира

Параглајдерист од Швајцарија тешко повреден при пад во прилепско

Параглајдинг натпревар „Маврово Опен 2021″

Ана Ололовска

Во Крушево налето ново првенство во параглајдерство

Жарко Настоски

Падобрански куп во прецизно слетување „Скопје 2020“

Ана Ололовска

Крушево ќе добие 4,2 милона денари за реконструкција на полетуваиштето за параглајдерство на Мечкин Камен

Ана Ололовска

Меѓународен параглајдинг натпревар овие три дена на Попова Шапка

Ана Ололовска