Македонската репрезентација напредуваше три места на рангирањето на ФИФА

Од:

Македонската фудбалска репрезентација се искачи три места на најновата ранг-листа на Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) и сега се наоѓа на 62. место.

Македонскиот национален тим има 1374. бодови и од почетокот на оваа година има ефект од две победи (Лихтенштајн 5:0 и Германија 2:1) и пораз од Романија 3:2, трите натпревари во рамки на мундијалските квалификации.

На врвот на ФИФА рангирањето и натаму е Белгија (1.783), пред светскиот првак Франција (1.757), додека трет е Бразил (1.743).

Италија, која е во серија од 25 натпревари без пораз, скокна од десеттото на седмото место.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ