Македонската ракометна кадетска репрезентација по вторпат поразена од Бугарија

Од:

Женската репрезентација на Македонија за ракометарки до 17 години загуби и во вториот подготвителен натпревар во Бугарија против домашната селекција. По поразот во вторникот со 23:20, вчера македонските ракометарки се поразени со 28:20.

Селекторот Јулијана Дамчевска ја искористи можноста повеќе да ротира со составот и да разгледа различни тактички варијанти кои би можеле да и послужат за време на ЕХФ Шампионатот што ќе се игра во Скопје во периодот од 31 јули до 6 август 2017 година.

Младите македонски репрезентативки во Скопје каде ќе продолжат со подготовките за ЕХФ Шампионатот. Турнирот ќе се игра во СРЦ „Кале“, а Македонија е во група со Полска, Швајцарија, Грција и Фарски Острови.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ