Во салата на СЦ „Јане Сандански“ кошаркарската репрезентација на Македонија под раководство на новиот селектор Марјан Србиновски ги почна подготовките за настапот на претстојното Европско првенство.
На првиот тренинг се појавија 16 кошаркари: Влатко Илиевски, Александар Костовски, Андреј Магдевски, Војдан и Дамјан Стојановски, Дарко Соколов, Ивица Димчевски, Марко Симоновски, Владимир Брчков, Стојан Ѓуровски, Маријан Јаневски, Бојан Трајковски, Предраг Самарџиски, Бојан Крстевски, Љубомир Младеновски и Кирил Николовски.
Црвено жолтите во Скопје ќе тренираат до 5 август, следниот ден селекцијата се сели во Охрид.
Македонија на ЕП е во групата во Загреб, заедно со Грција, Хрватска, Словенија, Холандија и Грузија. Шампионатот почнува на 5 септември, а пласман во следната фаза ќе обезбедат четирите најдобри од групите.