Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби своите противници за квалификациите за ЕП 2020.
Македонија ќе игра во групата „Г“ заедно со Полска, Австрија, Израел, Словенија и Латвија.
Европското ќе се одржи во 12 градови – Лондон, Минхен, Рим, Баку, Санкт Петербург, Букурешт, Амстердам, Даблин, Билбао, Будимпешта, Глазгов и Копенхаген.
Најдобрите две репрезентации од секоја група ќе изборат пласман на Европското, а уште четири селекции ќе обезбедат пласман на континенталниот собир по одигрувањето на плеј-офите во Лигата на Нациите
Еве ги и сите квалификациски групи за ЕП 2020, чии дуели започнуваат на 21 март 2019, а ќе завршат на 19 ноември истата година.
Група А: Англија, Чешка, Бугарија, Црна Гора, Косово
Група Б: Португалија, Украина, Србија, Литванија, Луксембург
Група Ц: Холандија, Германија, Северна Ирска, Естонија, Белорусија
Група Д: Швајцарија, Данска, Република Ирска, Грузија, Гибралтар
Група Е: Хрватска, Велс, Словачка, Унгарија, Азербејџан
Група Ф: Шпанија, Шведска, Норвешка, Романија, Фарски Острови, Малта
Група Г: Полска, Австрија, Израел, Словенија, МАКЕДОНИЈА, Летонија
Група Х: Франција, Исланд, Турција, Албанија, Молдавија, Андора
Група И: Белгија, Русија, Шкотска, Кипар, Казахстан, Сан Марино
Група Ј: Италија, Босна и Херцеговина, Финска, Грција, Ерменија, Лихтенштајн.