Македонија убедлива против Данска и на чекор до пласман на Евробаскетот 2015

Од:

Кошаркарската репрезентација на Македонија синоќа во рамките на 5.коло од квалификациите за Евробаскетот 2015 ја постигна четвртата победа. Во Скопје беше совладана селекцијата на Данска со 80:46 (22:13; 19:16; 13:11; 26:6). За да обезбеди пласман на Европското првенство на Македонија потребна и е победа и во последното коло во среда над Белорусија во Скопје.

Иако беше познато дека е потребна победа со висока разлика за да останеме со Белгија во трката за првата позиција во групата нашите играчи беа во „грч“ и тешко ги завршуваа нападите. Дамјан Стојановски и Ричард Хендрикс беа најефикасните на почетокот на натпреварот. „Скромните“ 41:29 на полувремето беа знак дека, иако водиме сепак не е се како што треба.

Вториот дел почна со лоша реализација на нашите во нападот и Данска намали на 45:38. И од тој момент (26.минута) до крајот Македонија прими само 8 поени, а постигна 35 и ја постигна највисоката победа во овие квалификации.
Хендрикс со 15 поени и 12 скока имаше „дабл-дабл“ учинок, а по 10 поени постигнаа: Дамјан Стојановски, Бојан Трајковски и Марко Симоновски.

По натпреварот селекторот на Македонија, Александар Џикиќ на прес конференцијата изјави: Завршивме добра работа со одбраната. Но, не сум задоволен. Можеме да играме и многу подобро особено во нападот, каде бевме стихијни. Сакам „моите“ бекови да ја контролираат играта, а не да ја следат од страна.

На вториот дуел од групата Д, Белгија постигна висока победа над Белорусија на гости со 99:73.

Во пресрет на последното коло: Белгија и Македонија имаат 4-1 (победи-порази), Белорусија 2-3, Данска 0-5.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос