Македонија три позиции подолу на најновата ФИФА рејтинг листа

Од:

Македонската фудбалска репрезентација бележи пад од три позиции на најновата ФИФА рејтинг листа објавена денеска. „Црвено-жолтите“ на февруарското рангирање се најдоа на 165. место.

Од противниците на Македонија во квалификациите за СП 2018, најдобро рангирана е Шпанија (10.место), Италија е 15-та, Албанија 55-та, Израел е на 60.место, додека Лихтенштајн се најде на 187.позиција.

Лидер е Аргентина пред Бразил и Германија. По нив во ТОП 10 следуваат: Чиле, Белгија, Франција, Колумбија, Португалија, Уругвај и Шпанија.

Следното рангирање Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ќе го изврши на 9 март.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи