Македонија трет месец по ред 68-ма на ФИФА ранг листата

Од:

Македонската фудбалска репрезентација го задржа 68-то место на ФИФА ранг-листата објавена денеска.

И покрај двете победи во ноемвриските дуели од Лигата на нации против Лихтенштанј и Гибралтар „црвено-жолтите“ останаа на истата позиција каде што се најде уште на рангирањето на 20 септември.

Следниот противник на Македонија во плеј-офот од Лигата на нации, репрезентацијата на Косово бележи напредок од шест места и сега е на 131-то.

На врвот и натаму е Белгија пред Франција и Бразил. Во Топ 10 се уште репрезентациите на Хрватска, Англија, Португалија, Уругвај, Швајцарија, Шпанија и Данска.

Следното рангирање Светската фудбалска федерација ќе го изврши на 20 декември.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи