Македонија со победа го отвори „Трофеј Македонија 2014“

Од:

Кошаркарската репрезентација на Македонија оствари победа на првиот натпревар од турнирот „Трофеј Македонија 2014“. Вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ беше совладана Полска со 73:63 (14:10; 23:22; 16:12 и 20:19)..

Македонија добро го почна натпреварот и поведе со 8:0, а кон средината на првиот дел во неколку наврати нашите кошаркари ја имаа и највисоката предност од 15 поени разлика (27:12 и 32:17). И во текот на вториот дел Македонија имаше постојано водство, а во 36.минута резултатот беше 66:54, но Полска потоа направи серија од 9:0 за да намали на 66:63. Сепак во финишот Македонија успеа да стигне до двоцифрена победа. Бојан Трајковски со 21 поен беше најефикасен на натпреварот, а Дамјан Стојановски постигна 13 поени.

На првиот натпревар одигран денеска Италија ја победи Црна Гора со 86:84.
Утре на програмата се натпреварите од 2.коло: Црна Гора – Полска (почеток 17:30 часот) и Македонија – Италија (20 часот).

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос