Македонија со пад од 36 позиции на ФИФА листата

Од:

На најновата ФИФА ранг листа објавена денеска, македонската репрезентација забележа пад од 36 позиции, најголем во нашата историја. „Црвено-жолтите“ од 76. место во августовското рангирање, сега со 286 бодови се наоѓаат на 112. место.

Расипувањето на пласманот се должи на поразот од Шпанија во 1.коло од квалификациите за ЕП, но и слабите резултати на натпреварите одиграни во последните 12 месеци.

Од противниците на Македонија во евро-квалификациите во ТОП 10 се наоѓа само Шпанија. Украина е на 24.место, Словачка е 40-та, Белорусија е на 89.позиција, а најслабо пласиран е Луксембург – 127-ми.

Токму Луксмбург следниот противник на избраниците на селекторот Бошко Ѓуровски кои ќе бркаат победа и подобрување на ФИФА пласманот.

Во ТОП 10 се репрезентациите на Германија, Аргентина, Колумбија, Холандија, Белгија, Бразил, Уругвај, Шпанија, Франција и Швајцарија.

Следното рангирање Светската фудбалска федерација ќе го направи на 23 октомври.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи