Македонија ќе биде претставувана од четворица кик боксери на претстојното Светско првенство за јуниори.
На шампионатот кој ќе се одржува во Римини, Италија, боите на Македонија ќе ги бранат млади но искусни кик боксери. Марија Божиновска и Марио Доневски ќе настапат во дисциплината „кик лат“ во категориите +70 и -69 килограми, а Бобан Илиоски и Једис Рамадани ќе се натпреваруваат во дисциплината „лоу кик“ во категориите -71 и -67 килограми.
Младите кик боксери на ринг и татами ќе ги предводи тренерот на репрезентација Драган Атанасовски кој за помошник ќе го има Александар Стефковски.
На шампионатот ќе патува и претседателката на Федерацијата Александра Неделковска, која ќе присуствува на годишното собрание на бордот на директори на светската ВАКО асоцијација.