Македонија со 12 каратисти на претстојното ЕП

Од:

Македонската карате репрезентација ќе брои 12 натпреварувачи на 50. јубилејно Европско првенство во карате што ќе се одржи во Истанбул, Турција од 27-29 март.

– Македонија ќе учествува со 12 натпреварувачи, 8 во машка и 4 во женска конкуренција, а ќе ја предводи нашиот најдобар каратист- Актуелниот Европскиот првак Емил Павлов.Тој е носител на стипендијата „Спортист од светска категорија, а негова желба е повторување на успехот од последниот континентален собир. Формата кај сите е на највисоко ниво,мотивацијата е огромна, изјави селекторот Петар Белистојановски.

Тој додаде дека подготовките во Охрид беа последен тест за подготвеноста на македонските репрезентативци.

Селекторот очекува добри настапи на македонските каратисти и достојно претставување на нашата земја на ова големо натпреварување.

Најавено е учество на 433 каратисти од 47 земји учеснички, што е најголем број досега. Интересот е огромен поради фактот што ова натпреварување претставува квалификација за првите Олимписки европски игри кои ќе се одржат во Баку-Азербејџан во Јуни годинава.

Би можело да ве интересира

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје

Девет медали за каратистите на „Макпетрол“ на Балканскиот шампионат

Осум медали за каратистите на „Макпетрол“ на „Гран при Сараево“