Македонската репрезетација за кошаркари до 20 години вечерва од 18 часот против селекцијата на Белорусија го започнува настапот на Европското првенство Б дивизија во Унгарија.
Белорусија е директниот конкурент на Македонија за едно од првите две места во групата Ц.
Другите две репрезентации од оваа група се Ерменија и Швајцарија.
Според системот на натпреварување, првите две селекции обезбедуваат пласман во втората фаза на шампионатот.
Пред заминуувањето за Унгарија селекторот на македонската репрезетација до 20 години Љупчо Малинков истакна дека имаме квалитетна селекција која со малку среќа може да стигне до успех.