Македонија повторно во „стотката“ на ФИФА ранг листата

Од:

Македонската фудбалска репрезентација направи скок од пет позиции на најновата ФИФА рејтинг листа објавена денеска и сега се наоѓа на 100.место.

Следниот противник на „црвено-жолтите“ во квалификациите за ЕП 2016, репрезентацијата на Словачка напредуваше за две позиции и од 19 скокна на 17.место.

Од другите противници во нашата квалификациска група најдобра е Шпанија на 10.место, Украина е 35-та, Белорусија се наоѓа на 80.место, а Луксембург е 131.ви.

Десетте најдобри ги предводи Германија, Белгија со скок од едно место изби на втората позиција, а потоа следуваат Аргентина, Колумбија, Бразил, Холандија, Португалија, Уругвај, Франција и Шпанија.

Следното рангирање ФИФА ќе го направи на 9 јули.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи