Македонија повторно подобра од Израел

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација ја забележа и третата победа во низа во пријателските мечеви пред Евробаскетот 2015. Денеска црвено-жолтите по втор пат играа против Израел и повторно победија со резултат 69-64.

Слично како и на првиот натпревар одигран во Охрид, гостите беа подобари само во воведните минути кога поведоа со 2:8. Македонската селекција, набрзо потоа го сврти резултатот во своја корист и го контролираше до самиот крај.

Првата четвртина заврши со водство на Македонија од 24-17, а предноста на полувреме беше двоцифрена 46-33.

Во последните десет минути гостите повторно заиграа поангажирано, намалувајќи го нашето водство на 65-60, но Македонија не дозволи изненадување и мечот заврши со конечни 69-64.

Предраг Самарџиски со 13 поени беше најпрецизен во македонската репрезентација, а Војдан Стојановски втор со 12 поени.

Македонската кошаркарска репрезентација следниот пријателски меч ќе го игра во Гевгелија против селекцијата на Венецуела.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос