Македонија повторно напредуваше на ФИФА листата

Од:

Македонската фудбалска репрезентација за две места го подобри својот пласман на најновата рејтинг листа што денеска ја објави Светската фудбалска асоцијација – ФИФА.

Сега Македонија е на 78.позиција со што продолжи напредокот на „црвено-жолтите“ во последниве пет месеци откако за селектор беше поставен Чедомир Јаневски.

Од противниците на македонските фудбалери во квалификациската група за Светското првенство, најдобропласирана е Хрватска (9.место), Белгија е на 20.та позиција, Србија се наоѓа на 36.место, Шкотска е 64.та а Велс кој напредуваше цели 13 места се наоѓа на 64.позиција.

На февруарската ФИФА листа води Шпанија пред Германија и Аргентина, а потоа следуваат Англија, Италија, Колумбија, Португалија, Холандија, Хрватска и Русија.

Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 14 март.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи