Македонија победник на кошаркарскиот турнир „Охрид 2014“

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација го освои меѓународниот турнир „Охрид 2014“ откако синоќа ја совлада Грузија со 85:55 и со максимален ефект го заврши натпреварувањето.

Со цврста и агресивна одбрана уште од почетокот на натпреварот, нашите репрезентативци успеаја да ги сопрат првите ѕвезди во грузискиот состав, Заза Пачулија и Виктор Саникидзе.

Во првите шест минути Македонија прими само три поени, а Бојан Трајковски и Александар Костоски беа најзаслужните за водството од 18:14 на крајот од четвртината. Во вториот период Војдан Стојановски влезе во серија реализации, а првата двоцифрена предност беше при резултат 25:15.

Селекторот Александар Џикиќ им пружи шанса на сите кошаркари во тимот, а тие ја искористија на најдобар можен начин, за во последниот период разликата да ја зголемат на 34 поени.

Грузија успеа до крај само да намали на минус 30.

Најефикасен во македонскиот состав беше Војдан Стојановски со 21 поен, а двоцифрен број поени постигнаа и Јанески, Трајковски и Соколов.

Македонија на овој подготвителен турнир за евро-квалификациите убедливо ги победи и Австрија и Романија.

Следна проверка на формата македонските кошаркари ќе ја имаат на турнирот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје закажан за периодот од 25 до 27 јули. Покрај домаќинот ќе играат и селекциите на Италија, Црна Гора и Полска.

Квалификациите за Евробаскетот 2015 почнуваат на 10 август, а првиот меч Македонија го игра на домашен терен против Белгија.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос