Македонија остана на 80. место на ФИФА рејтинг листата

Од:

 Репрезентацијата на Македонија го задржа истиот пласман – 80.место на ранг листата за месец мај објавена денеска од страна на Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Од противниците на „црвено-жолтите“ во квалификациите за ЕУРО2016 и натаму најдобро пласирана е Шпанија, која воедно е и лидер на оваа табела. Украина е на 17.место, Словачка е 46.та, Белорусија е 83.та, а најслабо рангиран е Луксембург кој се наоѓа на 112.место.

Во ТОП 10 покрај Шпанија редоследно се и репрезентациите на: Германија, Португалија, Бразил, Колумбија, Уругвај, Аргентина, Швајцарија, Италија и Грција.

Следното рангирање ФИФА ќе го направи на 6 јуни.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи