Македонија остана на 133. место на ФИФА ранг листата

Од:

Фудбалската репрезентација на Македонија остана на 133.место на најновото рангирање на ФИФА. Скокот забележан на претходното рангирање е како резултат на победите над Белорусија и над Лихетенштајн.

Од нашата квалификациска група Шпанија се наоѓа на 10.то место, Италија е 12.та, додека Израел е на 63.то место. Албанија ја има позицијата 66, додека Лихтенхштајн е на 189.то место.

Топ 10 селекциите ги предводи Бразил, пред Аргентина и Германија, а следуваат Чиле, Колумбија, Франција, Белгија, Португалија, Швајцарија и Шпанија.

Следниот натпревар Македонија го игра во рамките од квалификациите за Светското првенство, а ривал ни е Шпанија. Натпреварот ќе се игра на Националната Арена „Филип Втори“.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи