Македонија напредуваше три места на ФИФА рејтинг листата

Од:

Македонската фудбалска репрезентација годинава ја завршува на 136. место на ранг листата на ФИФА. „Црвено-жолтите“ на декемвриското рангирање се искачија три позиции во однос на ноемвриската листа како резултат на победата над Црна Гора во пријателскиот дуел одигран минатиот месец.

Од противниците на Македонија во квалификациската група за Светското првенство, на денеска објавената листа најдобро рангирана Шпанија (3.место). Италија е на 15-та позиција, Албанија се најде на 38.место, Израел е на делба на 69.позиција заедно со Екваторијална Гвинеја, а најслабо рангиран е Лихтенштајн (164.место).

Втор месец по ред лидер на листата е Белгија, а по неа во ТОП 10 следуваат: Аргентина, Шпанија, Германија, Чиле, Бразил, Португалија, Колумбија, Англија и Австрија.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи