Македонија напредуваше шест места на ФИФА листата

Од:

Македонската фудбалска репрезентација направи скок од шест позиции на најновата ФИФА рејтинг листа, објавена денеска на официјалниот сајт на Светската фудбалска организација. Македонија во јулското рангирање на 74.место.

Од противниците во квалификациската група за ЕП 2016 најдобро рангирана е Шпанија, но „црвената фурија“ веќе не е лидер, туку е осма по слабото издание на Мундијалот во Бразил. Украина е 22.ра, Словачка е на 46.позиција, Белорусија е на 81.то место, а најслабо рангиран е Луксембург – 108.место.

Новиот светски шампион Германија се искачи на врвот на оваа листа пред финалистот на СП Аргентина и Холандија (скок од 12 позиции) која шампионатот во Бразил го заврши како трета.

Во Топ 10 уште се наоѓаат (од 4 до 10 место): Колумбија, Белгија (скок од шест места) Уругвај, Бразил, Шпанија (пад седум позиции), Швајцарија и Франција (скок седум позиции).

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи