Македонија напредуваше девет места на ФИФА рејтинг листата

Од:

Македонската фудбалска репрезентација бележи нов напредок на ФИФА рејтинг листата. На ноемвриското рангирање објавено денеска од страна на Светската фудбалска федерација, „црвено-жолтите“ се најдоа на 76. место што претставува скок за девет позиции во однос на минатиот месец.

Прогресот на македонската репрезентација се должи на победата над Норвешка во пријателскиот дуел во Скопје (2:0).

На врвот на листата и понатаму е Германија, пред Бразил и Португалија.

Во ТОП 10 уште се: Аргентина, Белгија, Шпанија, Полска, Швајцарија, Франција и Чиле.

Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 21 декември.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи