Македонија ќе организира два квалификациски турнира за ЕП во одбојка, откако Данска се откажа

Од:

Македонската одбојкарска репрезентација ќе биде домаќин на двата квалификациски турнири за пласман на Европското првенство, откако Данска се повлече од организацијата на еден од турнирите и го откажа настапот поради актуелната состојба со коронавирусот.

Својот втор последователен пласман на едно европско првенство, македонската одбојкарска репрезентација ќе го бара во пресметките со Босна и Херцеговина и главниот фаворит во групата, Турција.

Пласман на завршницата ќе обезбедат првопласираните од седумте квалификациски групи, како и петте најдобро второпласирани репрезентации.

Двата квалификациски турнири во Скопје ќе се одржат во периодот од 10. до 17. јануари во салата „Борис Трајковски“, а точниот датум и саатниците за одигрување на натпреварите, дополнитено ќе бидат утврдени.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ

Пикси ќе добие отказ

Предраг Петровиќ