Македонија ја совлада Данска

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација во натпреварот од 2. коло од групата Д од квалификациите за Европското првенство ја постигна и втората победа. Совладана беше Данска на нејзин терен со 81:75.

По почетните 2:2 македонските кошаркари го презедоа водството и постепено го зголемуваа и во 8. минута беше 19:10. Сепак и покрај ова водство упорните домаќини на почетокот на вториот период (12.минута) изедначија на 26:26, а во 15.минута имаа водство 32:31. Но, во финишот на првиот дел Македонија направи серија од 13:2 за највисокото водство од 44:34.

На стартот од третиот период Македонија ја одржуваше предноста, но потоа нашите кошаркари имаа период од 5 минути без кош и Данска го искористи тоа со серија од 8:0 и во 27.минута изедначи на 51:51.

На почетокот на последниот период Македонија ја зголемуваше предноста, а Бојан Трајковски имаше серија од 7 поени. До крајот на дуелот домаќинот не успеваше да се доближи резултатски и предноста на нашите кошаркари беше постојано меѓу 3 – 6 поени. На крајот Соколов по грешката на противникот поентираше за конечни 81:75.

Поените за нашата репрезентација ги постигнаа: Дарко Соколов, Војдан Стојановски и Марко Симоновски по 12, Александар Костоски, Бојан Трајковски и Дамјан Стојановски постигнаа по 9, Ричард Хендрикс 8, Андреј Магдевски и Стојан Ѓуровски по 4 и Марјан Јанески 2.

Следниот натпревар Македонија го игра на 17.август во недела во Минск против Белорусија. Вториот натпревар од Д групата меѓу Белгија и Белорусија е во тек.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос