Македонската тениска репрезентација со победа над Ерменија ги почна натпреварите во Третата зона на Дејвис Купот.
Со победата на Димитар Грабул против Микајел Качатрјан, македонската тениска репрезентација дојде во водство од 1-0. Грабул со сигурна игра и 6:1 и 6:2 по сетови го совлада Качатрјан обезбедувајќи го првиот од потребните два поени за триумф во првата рунда.
Во вториот натпревар денеска во поединечна конкуренција најдобриот наш играч Томислав Јотовски уште поубедливо славеше против Микајел Аветисјан препуштајќи му само еден гем, по сетови 6:0 и 6:1.
Останува попладнево да се одигра мечот во двојки кој нема да влијае врз конечниот победник.
Во групата покрај Македонија и Ерменија е и репрезентацијата на Норвешка.
Првопласираната селекција од групната фаза ќе игра разигрува за пласман во Втората зона со победниците од другите три групи.