Македонија и гостува на Белгија

Од:

Македонските кошаркарски репрезентативци денеска против Белгија го играат четвртиот меч во квалификациите за настап на Евробаскет 2015. Натпреварот во Шарлоа почнува од 20 часот и 30 минути.

Македонија со последниот триумф над Белорусија во Минск се приближи на само чекор до осигурување на пласманот на Евробаскетот 2015 година, а вечерва на гостувањето против  првиот фаворит во групата, ќе ја добие и првата можност за официјализирање на учеството на континенталниот собир.

Одличното второ полувреме против Белгија во Скопје, донесе продолжение за избраниците на Александар Џикиќ, за тројката на Марко Симоновски на три секунди до крајот од доплнителните пет минути да го реши победникот. Потоа Македонија ги победи уште Данска во Хорсенс и Белорусија во Минск и како единствена со максимален учинок е лидер во групата.

Белгија по поразот во Скопје, лесно мина со две победи во дуелите со Белорусија и Данска, а токму денешниот натпревар ќе биде последен за Белгијците на домашен терен во овие квалификации.

По завршувањето на овој натпревар, нашите репрезентативци се враќаат во Скопје, каде ќе ги одиграат последните две средби од кваликацискиот циклус за Европското првенство чии домаќин се уште не се знае. Во Скопје на 24 август гостува Данска, а три дена подоцна Белорусија.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос