(ВИДЕО) Македонија го декласираше Тунис

Од:

Ракометарите на Македонија имаа фантастичен почеток на Светското првенство во Катар, откако попладнево го растури составот на Тунис со убедливи 33:25.

Одбраната функционираше одлично, нападот уште подобро, а победата е послатка ако се знае дека во салата имаше околу 2.000 туниски фанови, кои на крајот молчејќи ја следеа прославата на македонската фаланга.

Лазаров постигна 10 гола, Миркуловски и Манасков постигнаа по 6 погодоци, Ристовски имаше 13 одбрани.

Утре нашите ракометари играат против Иран во 17:00 часот.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa