Македонската кошаркарска репрезентација вечерва го победи Луксембург со 82:74 (21:13, 27:21, 16:31 и 18:9) и остана во комбинација за пласман на Европскиот шампионат во 2017 година.
Ова беше дуел од 4.коло во квалификациите од групата Г на кој Македонија беше фаворит, но домаќините им пружија силен отпор на „црвено-жолтите“ кои во последната четвртина во неколку наврати беа и во негатива.
Најефикасни во победничкиот состав беа Александар Костоски со 20 и Ромео Тревис со 18 поени.
На другиот натпревар од оваа група, Унгарија на гости ја победи Велика Британија со 88:80 и речиси сигурно го обезбеди учеството на Европското првенство, бидејќи има максимални четири победи, од кои две на гости кај директните конкуренти.
Табела:
1.Унгарија 4-0 (победи-порази)
2.Велика Британија 2-2
3.Македонија 2-2
4.Луксембург 0-4.