Македонија ЃП профитираше од ремито на Шкендија и Шкупи

Од:

Шкендија не успеа да слави на дербито против Шкупи, тимот од Чаир освои бод играјќи 1-1 во Тетово против лидерот. Ова реми во дерби-пресметката во Тетово го искористи Македонија ЃП која со триумфот (1-3) над Работнички се проби на втората позиција со 25 бода, само еден бод зад Шкендија.

Македонија ЃП го победи Работнички на арената „Тодор Проески“ со 1-3. Академија Пандев во голеада успеа да слави против Пелистер со 3-2. Струга Трим Лум ја совлада Ренова со 1-0, со голот на Клисман Цаке во 33.минута. Беласица го искористи траорниот момент во Кратово и го победи Силекс со 0-1. Вчера, Вардар славеше со 0-2 на гости против Борец во Велес.

ПРВА ЛИГА, 12.КОЛО

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 1-1

РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-3

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ПЕЛИСТЕР 3-2

СТРУГА ТРИМ ЛУМ – РЕНОВА 1-0

СИЛЕКС – БЕЛАСИЦА 0-1

ВЧЕРА: БОРЕЦ – ВАРДАР 0-2

Би можело да ве интересира

Вардар го победи Шкупи, Работнички го загуби врвот на табелата

ВИДЕО: Пелистер славеше над Вардар и го закова на дното

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Струга ТЛ го победи Работнички и ја зголеми предноста пред Шкупи