Еден гол вреден три бода постигнаа фудбалерите на Македонија ЃП на денешниот дуел со Силекс, прв од 22. коло на националниот шампионат. Одлучувачкиот момент на средбата одиграна попладнево во населбата Ѓорче Петров се случи во 19. минута кога Мавунио Коџо ја затресе мрежата на тимот од Кратово.
Другите натпревари од оваа рунда се закажани за утре. Двојките се:
Беласица – Академија Пандев
Пелистер – Борец
Шкендија – Ренова
Шкупи – Работнички
Вардар – Струга Трим Лум.
Табела: Шкендија 46 бода, Шкупи 40, Македонија ЃП 38, Струга Трим Лум 32, Работнички 29, Борец 29, Вардар 26, Пелистер 25, Силекс 23, Ренова 22, Академија Пандев 21, Беласица 12.