На 24 и 25 февруари во организација на Федерацијата за лизгачки спортови на Македонија, на ВИП лизгалиштето во СЦ Борис Трајковски за прв пат во нашата држава се одржа Национален и Меѓународен натпревар во уметничко лизгање во Македонија.
На натпреварот се претставија 62 натпреварувачи од земјата и од странство во повеќе категории:
1.Сениорки, Јуниорки и Младинки/ци –категории во кои се прогласуваат и државни прваци, согласно меѓународните стандарди, и
2.Кадетки Б, Кадетки Ц, Интерпретации А, Б и Ц (категории за деца до 10 години и интерпретативни категории).
Први Национални шампиони во уметничко лизгање на Република Македонија се:
Сениорки
–Нина Стрезовска
Јуниорки
–Георгина Стефановска
Младинки
–Јана Куковска
Младинци
–Јан Стојановски.
Второ и трето место во категоријата Младинки освоија Ангела Прилепчанска и Лариса Богатиновска.