Македонија едно место погоре на ФИФА листата, нов лидер Франција

Од:

Македонската фудбалска репрезентација напредуваше едно место и сега се наоѓа на 70. позиција на ФИФА ранг-листата објавена денеска.

Од противниците на Македонија во групата од Лигата на нации најдобро котира Ерменија (100. место), Лихтенштајн е 180-ти, а Гибралтар се наоѓа на 195. место.

Нов лидер е Франција која бележи скок од шест позиции како резултат на мундијалската титула. На втората позиција се најде Белгија, додека трет е Бразил.

Финалистот на СП 2018, Хрватска, со скок од дури 16 места се најде на четвртата позиција.

Во ТОП 10 се наоѓаат и: Уругвај, Англија, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.

Досегашниот лидер Германија по дебаклот на Мундијалот во Русија падна на 15. место.

Следното рангирање Светската фудбалска федерација ќе го изврши на 20 септември.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи