Македонија едно место погоре на ФИФА листата

Од:

Македонската фудбалска репрезентација се најде на 80.место на најновата рејтинг листа што денеска ја објави Светската фудбалска асоцијација – ФИФА, што значи подобрување на пласманот за една позиција во однос на декемвриското рангирање.

Од противниците на македонските фудбалери во квалификациската група за Светското првенство, најдобропласирана е Хрватска (10.место), Белгија е на 20.та позиција, Србија се наоѓа на 37.место, Шкотска е на 69.та а најслабопласиран е Велс кој се наоѓа на 81.та позиција.

Нема промени на позициите во првата десетка. Води Шпанија пред Германија и Аргентина, а потоа следуваат Италија, Колумбија, Англија, Португалија, Холандија, Русија и Хрватска.

Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 14 февруари.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи