Македонија домаќин на репрезентациите на Полска, Португалија и Турција

Од:

Во просториите на Европската ракометна федерација ЕХФ во Виена денеска беа извлечени седумте квалификациски групи за Светското Јуниорско Првенство (до 21 година) што во јули 2017 година ќе се игра во Алжир.

Македонија го доби правото да биде организатор на својата квалификациска група (Група 3), а за ривали нашата селекција ги има репрезентациите на Полска, Португалија и Турција.

Нашата репрезентација до 21 година летово учествуваше на Европско Првентво во Данска и го освои 15-то место.

Распоред на групите:
Група 1: Холандија, Русија, Италија, Летонија
Група 2: Данска, Шведска, Романија, Бугарија
Група 3: Полска, Португалија, Македонија, Турција
Група 4: Словенија, Словачка, Украина, Косово
Група 5: Исланд, Србија, Литванија, Грција
Група 6: Унгарија, Чешка, Австрија, Црна Гора
Група 7: Швајцарија, Израел, Фарски Острови, Финска

Квалификациите за јуниорското СП ќе се играат по турнирски систем (секој со секого), а натпреварите ќе се одиграат во периодот од 6 до 8 јануари 2017 година. Само победникот од секоја од групите ќе обезбеди учество на Светското Првенство за репрезентации до 21 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сами ќе си плаќаме за промена на табличките од МК во НМК – не мора да се чека регистрација

Анита Петровска Рајковиќ

Пендаровски: Сите политички водства сме одговорни за масовното отселување на младите

Татјана Ташкова