Македонија без Чековски на ЕП во 2015

Од:

Ѓорѓи Чековски нема да може да и се приклучи на сениорската репрезетација која ќе настапи на ЕП во 2015, соопштија денеска од Македонската кошаркарска федерација.

– Жалиме што Чековски нема да ни помогне во желбите да настапиме со сите расположливи сили на Европското првенство 2015. Како негов поранешен капитен во репрезенацијата, сведок сум дека секогаш бил на ниво на поставените задачи, а како сегашен претседател на федерацијата му изразувам благодарност за придонесот изминатите 15 сезони во најубавиот дрес, изјави претседателот на МКФ Петар Наумоски.

Чековски беше дел од македонската репрезентација на ЕП 2011 во Литванија кога „црвено-жолтите“ го постигнаа најголемиот успех во историјата освојувајќи го четвртото место.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос