Македонија бележи пад од седум места на ФИФА листата, нов лидер е Белгија

Од:

Македонската фудбалска репрезентација забележа пад на ФИФА рејтинг листата објавена денеска и сега се наоѓа на 139.место, седум позиции полошо од октомвриското рангирање.

За првпат во својата историја на врвот се искачи Белгија која ја симна Германија на второто место.

Од противниците на Македонија во квалификациите за Светското првенство 2018 кои почнуваат во септември, најдобро рангирана е Шпанија (6.место), а потоа следуваат Италија (13), Албанија (36), Израел (61) и Лихтенштајн (163).

Во ТОП 10 се:

1.Белгија,
2.Германија,
3.Аргентина,
4.Португалија,
5.Чиле,
6.Шпанија,
7.Колумбија,
8.Бразил,
9.Англија,
10.Австрија.

Следното рангирање ФИФА ќе го направи на 3 декември.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи