Македонските граѓани најмногу купувале германски автомобили, покажуваат статистичките податоци на Сојузот на стопански комори на Македонија.
Од вкупно продадените возила во Македонија во 2013 година, 35 отсто се од германски производители.
Во поглед на техничките карактеристики, кога станува збор за изборот на горивото, 65 отсто од македонските купувачи во 2013 година одлучиле да возат дизел автомобил, 47 отсто избрале возило со зафатнина на мотор меѓу 1.500 и 2.000 кубика. Според каросериската изведба, 21 отсто од купувачите се одлучиле да набават мал автомобил, а 35 отсто преферирале да возат компакт автомобил.
Податоците ги објави компанијата Ми-Да Гранд Моторс, увозникот на Форд во Македонија, која од овој месец започнува кампања „Дизел е во тренд”.