Макаби во Берлин обезбеди четвртфинале во Евролигата

Од:

Кошаркарите на европскиот шампион Макаби со победата на гости синоќа над Алба успеаја да се пласираат во четвртфиналето од Евролигата.

Пласман во нокаут натпреварите (четвртфинале) обезбедија Панатинаикос и Анадолу Ефес и покрај поразите на дуелите од последното коло од групната фаза ТОП 16. Панатинаикос загуби во Белград од Црвена Звезда, а Анадолу Ефес од градскиот ривал од Истанбул Фенербахче.

Резултати и двојки од 14.коло Ф група: Алба – Макаби 64:73, Црвена Звезда – Панатинаикос 69:68. Галатасарај – Барселона и Реал Мадрид – Жалгирис играат вечерва.

Табела Ф група: Реал Мадрид 10-3 (победи-порази), Барселона 10-3, Макаби 9-5, Панатинаикос 7-7, Алба 7-7, Жалгирис 5-8, Црвена Звезда 4-10, Галатасарај 2-11.

Резултати и двојки од 14.коло Е група: Фенербахче – Анадолу Ефес 83:72, Уникаха – Лаборал 93:84, Емпирио Армани – ЦСКА Москва 79:88. Вечерва играат: Олимпијакос – Нижни Новгород.

Табела Е група: ЦСКА Москва 12-2, Фенербахче 11-3, Олимпијакос 9-4, Анадолу Ефес 6-8, Лаборал 6-8, Емприо Армани 4-10, Уникаха 4-10, Нижни Новгород 3-10.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска