Макаби со голем пресврт до финалето во Евролигата

Од:

Кошаркарите на Макаби од Тел Авив се пласираа во финалето на Евролигата. Тие вечерва по неверојатен пресврт во полуфиналето на завршниот турнир во Милано ја совладаа ЦСКА Москва со 68:67, по четвртини 16:19, 14:19, 15:17 и 23:12.

Рускиот тим на полувремето водеше со осум поени разлика, во еден момент од третиот период предноста се искачи на 15 поени, но и тоа не беше доволно ЦСКА да се избори за финалето. Како решавачка се покажа последната четвртина во која израелскиот претставник постигна 23, а прими само 12 поени.

Дејвид Блу со 15 и Тајрис Рајс со 13 се најефикасните во победничкиот состав, додека во поразениот тим Саша Каун со 14 и Милош Теодосиќ со 12 поени беа играчите со двоцифрен ефект.

Второто полуфинале на „Фајнл фор“ во Милано се игра вечерва со почеток од 21 часот, а во него ќе се сретнат шпанските претставници Реал Мадрид и Барселона.

Натпреварите за пласман се закажани за в недела. Од 17 часот е натпреварот за третото место, а во борбата за насловот европски шампион Макаби и победникот од шпанската пресметка ќе почне во 20 часот.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос