Најдобриот стрелец во кошаркарската Евролига Тејлор Рочести потпиша договор со Макаби на две години, со можност за продолжување на уште една година и се очекува негово пристигнување во Тел Авив, соопштија од израелскиот клуб.
Рочести минатата сезона настапуваше за Нижњи Новогород и во Евролигата просечно постигнуваше по 18,9 поени и 5,7 асистенции.
29-годишниот леворак Американец игра на позицијата плејмејкер.
Рочести во неговата кариера уште има настапувано и за екипита на: Гетинген, Галатасарај, АЛБА Берлин, Ле Ман, Каха Лаборал, Анжелико Биела, и Монтепаски Сиена.